9 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој е новиот извршен директор на крипто берзата Binance?

Кој е новиот извршен директор на крипто берзата Binance?

Канадскиот бизнисмен Чангпенг Жао ја напушта функцијата извршен директор на Binance, а на негово место доаѓа Ричард Тенг, по потекло од Сингапур. Имено, оваа „смена“ доста го потресе крипто светот, бидејќи беше придружена со контроверзии: Жао беше обвинет дека прикрил измама во својата компанија, односно дека не спречувал перење пари, за што се изјаснил за виновен.

Ненадејната оставка на Жао, повторуваме, доста го шокираше светот на криптовалутите, бидејќи Binance се смета за најголема берза од ваков тип во светот. Сепак, веќе денеска се зборува за ново лице, т.е. наследник на канадскиот бизнисмен.

Би-Би-Си, во меѓувреме открива кој е Ричард Тенг?

Роден во Сингапур, Тенг се приклучи на најголемата светска берза за криптовалути пред нешто повеќе од две години, како извршен директор на операциите на Binance во Сингапур. Тоа беше годината кога компанијата беше под истрага на Министерството за правда, а како што се интензивираше регулаторната контрола на компанијатаѓ, Тенг постигна брз напредок според неговите заслуги, иако „од сенка“.

Тој беше на првобитната позиција како извршен директор на Binance во Сингапур само пет месеци, според неговиот профил на LinkedIn, а потоа беше унапреден во регионален шеф за Европа, Азија и Блискиот Исток и Северна Африка; тоа беше во април 2023 година.

Тенг подоцна, поточно овој мај, стана шеф на регионалните пазари, позиција што ја имаше до овој вторник, кога беше назначен за шеф на Binance. Во објавувањето на неговиот наследник, Жао го нарече Тенг „високо квалификуван лидер“, додавајќи дека „со повеќе од три децении искуство во финансиски услуги и регулаторни работи, тој ќе ја води компанијата во следниот период на раст“.

Пред да се приклучи на Binance, Тенг работеше во потрадиционални финансиски и регулаторни сектори, како што е директор за корпоративни финансии во Монетарната управа на Сингапур (MAS) и главен регулаторен директор на Сингапурската берза (SGX). Потоа стана извршен директор на Глобалниот пазар на Абу Даби (ADGM), меѓународен финансиски центар во Обединетите Арапски Емирати, каде што остана шест години.

ADGM, инаку, го регулира тргувањето со дигитални средства.

Во изјавата во средата, Тенг рече дека е почестен што ја презема новата улога, додавајќи дека ќе се фокусира на уверување на 150 милиони корисници на Binance за „финансиската сила и безбедноста“ на компанијата. Но, нема сомнеж дека на оваа работа ќе го чекаат разни предизвици. Првата точка на агендата за Тенг ќе биде одржување на довербата на клиентите.

Во последниве месеци, Binance беше на удар на критики, а во март американските регулатори се обидоа да ја забранат нејзината работа, тврдејќи дека таа работи илегално во САД.

Министерството за правда подоцна му наложи на Binance да плати 4,3 милијарди долари казни и отштета. И покрај ова, Тенг во средата повтори дека најпознатата берза на крипто во светот е „тука да остане“, додавајќи дека базата на компанијата е „посилна од кога било“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП