8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЦрниот бибер како зачин и како лек?

Црниот бибер како зачин и како лек?

Бибер е еден од најпопуларните зачини во светот, но освен што во прилог на јадењата додава специфична арома, овој зачин, исто така, има многу поволни здравствени својства.

Биберот поттикнува апсорпцијата на одредени хранливи материи како што се селен и калциум, но и антиоксиданси кои се наоѓаат во зелениот чај и куркумата.

Позитивно влијае на цревната флора и делува карминативно, што значи дека ги намалува гасовите и надуеност во стомакот и ја олеснува непријатноста предизвикана од акумулација на гасови во цревата.

Се покажа дека овој зачин помага во губењето на тежината и дејствува како деуретик, и на тој начин стимулира детоксикација на организмот.

Истражувањето врз животните покажаа дека биберот во исхраната може да го намали нивото на холестерол (LDL холестерол) во крвта,како и пиперинот кој се наоѓа во овој зачин корисно делува врз здравјето на мозокот и помага за ублажување на симптомите поврзани со Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест. Пиперинот делува и антинфламаторно и може да помогне со артритис и сезонските алергии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП