Македонска берза на официјалниот сајт го објави прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за периодот 01.01-31.09.2023 година.
Од вкупно 94 компании, 69 завршиле со добивка, 21 компании завршиле со загуба и четири се долгорочно суспендирани.
По профитабилност, повторно банкарскиот сектор се најде на врвот на табелата. Со 3.047.726.000 денари Комерцијална банка АД Скопје е лидер на листата, потоа следува Стопанска банка АД Скопје со добивка од 2.478.470.000 денари и на третото место е НЛБ банка АД Скопје со добивка од 2.435.542.000 денари.
Меѓу 10-те компании со најголема добивка покрај трите банки се и Македонски Телеком АД Скопје(1.653.104.000), Алкалоид АД Скопје(1.295.409.000), Цементарница УСЈЕ(1.111.851.037), Макпетрол АД Скопје(660.660.000), Мермерен комбинат(574.127.000), Унибанка АД Скопје(335.112.000), и Окта АД Скопје(311.071.936).
Комплетниот преглед можете да го погледнете тука.