1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската рубља најсилна во однос на доларот и еврото од крајот на...

Руската рубља најсилна во однос на доларот и еврото од крајот на јуни

Денеска руската валута ја достигна највисоката вредност во однос на доларот и еврото од 30 јуни.

Според податоците на Московската берза, американскиот долар денеска во 14 часот се продаваше за 88,03 рубљи, а еврото за 96,42 рубљи.

Руските извозници се подготвуваат за периодот на плаќање данок и им се закануваат значителни казни доколку одбијат да ја продадат заработката во странска валута, пренесува Комерсант.

Според аналитичарите, до крајот на месецот курсот на доларот може да падне меѓу 83 и 85 рубли за долар.

На 27 октомври Банката на Русија ја зголеми референтната каматна стапка за 200 базични поени на 15 отсто и во таа прилика констатира дека инфлациските притисоци во Русија се искачиле над очекувањата, пренесуваат медиумите.

Централната банка на Русија соопшти дека со оваа мерка сака да ја потисне инфлацијата до четири проценти во 2024 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП