3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоја земја во ЕУ е прва според субјективната сиромаштија во 2022-ра (ИНФОГРАФИК)

Која земја во ЕУ е прва според субјективната сиромаштија во 2022-ра (ИНФОГРАФИК)

Податоците на Евростат за субјективна сиромаштија за 2022-ра година покажуваат дека Грција е на прво место со – 81,6%, а Бугарија е втора со 67,9%. Словачка е трета со 53,3%. Најниски стапки на сиромаштија кај помалку образованите се забележани во Финска (7,3%), Луксембург (10%) и Шведска (11,3%).

Вака изгледа процентот на луѓе со ниско образование кои се сметаат за сиромашни во 2022 година. Ова ги вклучува оние со основно до средно училиште, или нивоа 0-2 според Меѓународната стандардна класификација на образованието.

Субјективната сиромаштија го мери начинот на кој поединецот ја перципира својата финансиска и материјална состојба. Речиси една третина од луѓето во ЕУ (29,5%) со помало образование се сметаат за сиромашни во 2022-ра година.

Процентот кај лицата со високо образование е три пати помал (9,2%), а кај оние со средно образование е 18%.

Извор: Евростат

26 земји-членки известуваат за повисоки проценти на луѓе со помало образование кои се сметаат за сиромашни во споредба со лицата со средно и високо образование. Исклучок е Финска, каде што процентот е нешто поголем кај лицата со средно образование.

Повеќето земји-членки регистрираат значителни разлики помеѓу високообразованите и слабо образованите групи. Во 12 земји, разликите се најмалку 20 процентни поени. Најголеми разлики има во Бугарија (47,4 п.п.), Унгарија (41,5 п.п.) и Словачка (39,5 п.п.). Разликите се најмали во Финска (4,5 п.п.), Данска (5,9 п.п.) и Шведска (7,1 п.п.).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП