14 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолкави се просечните плати во Европа?

Колкави се просечните плати во Европа?

Според центарот за податоци на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), највисока плата во Европа во просек се заработува во Лихтенштајн. Станува збор за податоци за нивото на целата 2022 година, а не за просечната заработка за последниот месец, која е генерално повисока.

Работата во оваа мала земја меѓу Швајцарија и Австрија, која има помалку од 40.000 луѓе, вреди 7.046 евра месечно. За споредба, просечната плата во Македонија изнесува 592 евра.

Лихтенштајн има силен финансиски сектор кој е најодговорен за неговиот висок стандард. Пред се, станува збор за ниските стапки на корпоративниот данок на доход, кои се приближно двојно пониски од европскиот просек, поради што илјадници компании имаат седиште во Лихтенштајн, често во форма на обично поштенско сандаче. Сепак, Лихтенштајн не е на списокот на земји означени како даночни оази. Друг извор на приход за оваа алпска земја е туризмот, пред се во зима.

Зад Лихтенштајн е уште една алпска земја – Швајцарија, со просечна плата од 5.522 евра. Како и Лихтенштајн, Швајцарија има пониски даночни стапки и развиен зимски туризам, но Швајцарија исто така го има најсилниот туристички сектор во светот и степен на приватност за клиентите што го нема ниту една друга земја.

На трето место е Данска со 4.149 евра, потоа Луксембург со 3.699, Норвешка 3.386, Исланд 3.377 евра и Сан Марино 3.237, додека Ирска е последна земја на листата со просечна плата поголема од 3.000 евра и изнесува 3.086.

Во најголемата земја и најсилната економија на Европската унија, Германија, просечната плата е 2.831 евро.

Во земјите кои произлегоа од Југославија, највисоката плата е 1.442 евра во Словенија. Следат Хрватска со 1.163, Црна Гора (800), Србија (714) и Босна и Херцеговина (652). На територијата на Косово* просечните плати се најниски и изнесуваат 446 евра.

Од останатите земји, Романија има 924 евра, а потоа следат Бугарија со 822 и Албанија со 507 евра.

На дното на Европа се земји во кои најчесто се водат војни или безбедносно-политичката ситуација е нестабилна, па во Украина е 306 евра. Во Белорусија е 483, додека просечната плата во Русија е 588 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП