1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина и Саудиска Арабија потпишаа споразум за размена на валути

Кина и Саудиска Арабија потпишаа споразум за размена на валути

Народната банка на Кина (PBoC) и Централната банка на Саудиска Арабија потпишаа споразум за размена на валута или валутен своп, објави Народната банка на Кина.

Вредноста на аранжманот е 50 милијарди кинески јуани или 26 милијарди саудиски ријали или 6,93 милијарди американски долари.

Договорот меѓу Пекинг и Ријад за размена на валути ќе важи три години и може да биде продолжен со заедничка согласност, пренесува Ројтерс.

„Воспоставувањето билатерален аранжман за размена на валути меѓу Кина и Саудиска Арабија ќе помогне да се зајакне финансиската соработка меѓу двете земји, да се прошири употребата на локалните валути и да се промовира трговијата и инвестициите“, се вели во соопштението на PBoC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП