24 мај, 2024
ПочетнаСВЕТ„ОВА Е ЦЕЛОСНО ИЗВРТУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА“: Нетанјаху го критикуваше Абас што го...

„ОВА Е ЦЕЛОСНО ИЗВРТУВАЊЕ НА ВИСТИНАТА“: Нетанјаху го критикуваше Абас што го обвини Израел за масакрот на 7 октомври

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја критикуваше палестинската управа поради тоа што, како што наведе, го обвинуваат Израел за „масакрирање на сопствените цивили“ на 7 октомври, велејќи дека таквите тврдења се неприфатливи.

Нетанјаху, во видео изјава објавена на хебрејски и англиски јазик, рече дека палестинската управа во Рамала денеска изнела, како што рече, крајно бесмислено тврдење, обвинувајќи го Израел дека извршил масакр на сопствените цивили на југот на земјата на 7 октомври и негира дека тоа го извршиле Хамас.

-Ова е целосно искривување на вистината – рече Нетанјаху, посочувајќи дека палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој претходно го негираше постоењето на холокаустот, сега негира дека Хамас го извршил масакрот.

Нетанјаху повторно силно се спротивстави на идејата на САД и другите земји дека палестинските власти ќе управуваат со Појасот Газа по војната меѓу Израел и Хамас, објави „Тајмс оф Израел“.

-Мојата цел е ден откако ќе го уништиме Хамас, секоја идна цивилна администрација во Газа да не го негира масакрот, да не ги едуцира децата да станат терористи, да не финансира терористи и да не им кажува на децата дека нивната крајна цел во животот е да го видат уништувањето и распаѓањето на државата Израел – рече Нетанјаху.

Нетанјаху нагласи дека тоа не е прифатливо и не е начин да се постигне мир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП