7 мај, 2024
ПочетнаСВЕТИзраел и Палестинците: Главната болница во Газа е „зона на смртта“, велат...

Израел и Палестинците: Главната болница во Газа е „зона на смртта“, велат од ОН

Неколку дена откако израелските сили ја зазедоа главната болница Ал-Шифа во Газа, Обединетите нации велат дека таа сега е „зона на смртта“.

Заеднички тим на ОН ја проценуваше болницата еден час откако луѓето беа евакуирани од неа.

Тимот рече дека видел докази за гранатирање и пукање и забележал масовна гробница на влезот во болницата.

Им било кажано дека во него има останки на 80 луѓе.

По наредбата за евакуација издадена од израелската армија, 300 тешко болни пациенти останаа во Ал-Шифа – порано најголемата и најнапредната болница во Газа.

ОН соопштија дека се обидуваат да организираат итна евакуација на преостанатите пациенти и медицинскиот персонал во други установи во Газа и повторија повици за прекин на огнот.

Во меѓувреме, Белата куќа одговори на текстт на Вашингтон пост во која се вели дека Израел, Хамас и САД се блиску до договор според кој палестинските екстремисти ќе ги ослободат жените и децата што ги киднапираа на 7 октомври во замена за петдневна пауза во борбите.

Портпаролот на Белата куќа изјави дека таков договор се уште не е постигнат, но дека напорно работат на тоа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли целосниот прекин на огнот со Хамас и рече дека ќе размисли само за привремено примирје во замена за враќање на киднапираните заложници.

Од почетокот на конфликтот на 7 октомври, повеќе од 12.000 луѓе, вклучувајќи повеќе од 4.600 деца, се убиени во Појасот Газа, според палестински извори управувани од Хамас.

Израел започна одмазда за претходниот ненадеен напад на Хамас на југот на земјата, кога, како што тврди Тел Авив, беа убиени 1.400 луѓе, а околу 240 се киднапирани.

Хамас досега ослободи само неколку заложници, пред почетокот на копнената офанзива на Израел на Појасот Газа.

Израелските сили упаднаа во болницата Ал-Шифа пред неколку дена, тврдејќи дека под неа се наоѓа мрежа од тунели на Хамас и командно место.

Хамас го негира ова и тврди дека Израел ги нападнал пациентите и цивилите кои побарале засолниште во болницата, верувајќи дека таму ќе бидат безбедни.

Израелскиот премиер Нетанјаху изјави за CBS News дека има „силни разузнавачки индикации“ дека Хамас држел заложници во болницата и тоа е причината што ја опседнале и упаднале во неа.

Тој додаде дека заложниците биле земени оттаму кога израелската војска ја опколила болницата.

Обединетите нации ги обвинија двете страни за воени злосторства.

Еден новинар кој беше во болницата Ал-Шифа и беше во контакт цела недела ми кажа дека тој и многу други заминале од таму носејќи бели знамиња.

„Ги кренавме рацете и носевме бели знамиња. Во петокот вечерта беше многу тешка. Звуците на експлозии и пукотници беа застрашувачки.

„Булдожерите направија огромни дупки во дворот на болницата и срушија некои згради“, вели тој.

Тој додава дека болницата е евакуирана и оти сите си заминале, освен пациентите кои не можеле да се движат и мал број лекари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП