4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈуанот го помина еврото во финансирањето на светската трговија

Јуанот го помина еврото во финансирањето на светската трговија

Уделот на јуанот во финансирањето на светската трговија скокна од 3,91 отсто на почетокот на годината на 5,8 отсто во септември, според Меѓународниот систем за електронско спроведување на финансиски трансакции (SWIFT).

Глобалните компании издаваат рекордни износи на обврзници деноминирани во јуани и силно позајмуваат од кинеските банки поради ниските каматни стапки, а кинескиот јуан го надмина еврото во финансирањето на светската трговија.

Странските компании и банки собираат рекордни суми на пари во континентална Кина и Хонг Конг со издавање обврзници „панда“ и „дим сум“ на јуани, забележува Ројтерс.

Обврзниците на панда континуирано ја промовираат употребата на „ренминби“ (јуан) како валута за финансиски трансакции, објави кинеската централна банка во октомври. Ова ги мотивираше банките да позајмуваат на странски компании и овозможи поширока употреба на јуанот надвор од Кина.

Во првите 10 месеци од оваа година, компаниите како што се германскиот производител на автомобили БМВ и француската банка Кредит Агрикол, како и филијалите на кинески компании во странство, собраа рекордни 125,5 милијарди јуани (17,33 милијарди долари) преку издавање обврзници „панда“, за 61 отсто повеќе од минатата година.

На крајот на октомври, канадската централна банка собра една милијарда јуани со издавање на тригодишна обврзница „панда“ со купон од 3,2 отсто. На домашниот пазар таа би требало да плати камата од 4,5 отсто.

Во Хонг Конг, вредноста на издадените „дим сум“ обврзници, исто така, достигна рекордни 343 милијарди јуани, што е скок од 62 отсто во првите осум месеци во споредба со истиот период минатата година. Банките, исто така, сè почесто издаваат заеми во кинеска валута.

Зголемувањето на уделот на јуанот во глобалното финансирање е меѓу главните приоритети на Кина во интернационализацијата на нејзината домашна валута, иако неодамнешниот пораст се чини дека беше главно фокусиран на зделките во азискиот гигант.

Германскиот производител на автомобили Volkswagen Group изјави за Ројтерс дека ќе ги искористи првичните 1,5 милијарди јуани собрани преку издавање обврзници „панда“ само за операции во континентална Кина.

Групацијата Mercedes-Benz, исто така, планира да ги искористи парите за поддршка на бизнисот со лизинг на автомобили во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП