2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодготвителни активности за примена на новиот Закон за решавање банки во соработка...

Подготвителни активности за примена на новиот Закон за решавање банки во соработка со Хрватската народна банка

Во рамките на успешната соработка меѓу нашата централна банка и Хрватската народна банка, беа одржани работни средби заради преземање активности насочени кон воспоставување рамка за решавање на проблемите на банките и спроведување на надлежностите дадени со Законот за решавање банки. Остварените средби се дел од активностите за зајакнување на капацитетите на централните банки од Западен Балкан, предвидени во Втората фаза од Регионалната програма финансирана од ЕУ. 

Во рамките на работниот престој во Хрватската народна банка, претставничките на Народната банка, Милица Арнаудова Стојановска, советничка на гувернерот и Фросина Целеска, директорка на Дирекцијата за банкарска регулатива и решавање банки, остварија средби со вработените во Канцеларијата за санација на кредитните институции. Притоа, имаа можност да се запознаат со начинот на кој Хрватската народна банка, како надлежен орган, ја спроведува функцијата за решавање на проблемите на кредитните институции, како и со учеството на централната банка на Хрватска во Единствениот механизам за решавање кредитни институции воспоставен во ЕУ. Особен акцент беше ставен на основните елементи на планирањето на решавањето, што ги опфаќа начините на утврдување на стратегијата за решавање, на утврдување на потребната стапка на сопствени средства и дозволени обврски и на оцена на можноста за решавање на проблемите на банката. Беше споделено и искуството на Хрватската народна банка во користењето на инструментите за решавање коишто можат да се користат од страна на надлежниот орган за решавање.

Стекнатите сознанија од средбата со експертите на Хрватската народна банка, кои безрезервно ги споделија своите знаења, искуство и воспоставените практики, се од големо значење за Народната банка во процесот на спроведување на подготвителните активности за примена на новиот Закон за решавање банки, којшто ќе почне да се применува од октомври 2025 година.   

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП