6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕве како успешните земји се борат против невработеноста кај младите

Еве како успешните земји се борат против невработеноста кај младите

rab111

Германија, Данска и Холандија се добар пример за тоа како се води борба против невработеноста кај младите, пишуваат европските медиуми.

По пет години економска криза и враќањето на рецесијата во 2012 година, невработеноста достигнува размери кои не се забележани речиси 20 години.

Лондонската Фондација за бизнис во најновиот извештај оценува дека не постои единствено решение за овој проблем, бидејќи причините за настанувањето на тој проблем во многу земји се различни.

Но, германскиот систем за стручно образование, данските напори за борба против невработеноста кај младите во раните фази и улогата на флексибилните работни места во Холандија заслужуваат внимание, се вели во извештајот.

Данска, на пример, ја најгласува важноста на образованието кај младите луѓе без квалификации, а во Германија речиси сите компании со повеќе од 500 вработени вработуваат млади практиканти.

Во ЕУ, невработеноста кај младите на возраст од 15 до 24 години се зголеми од 2007 до 2011 година за девет проценти, а само во Шпанија за 21 процент.

Во Холандија, оваа стапка не се промени, додека во Германија се намали за два проценти.

Невработеноста кај младите е уште поголема, таа е зголемена за 50 проценти во Шпанија и Грција, кога се пресметува и економски активното население, кое ги вклучува студентите и оние кои сеуште се образуваат.

Во секој случај, Европа, се соочува со голема криза, предупреди заменик директорот на ОЕЦД, Стефано Скарпета, претставувајќи го извештајот.

„Јас сум изненаден од фактот дека во некои земји каде што невработеноста кај младите е поголема од 50 проценти нема поголема социјална напнатост“, изјави тој.

Говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека треба да се превземат мерки за намалување на невработеноста, со цел да се спречи политичката и социјалната нестабилност.

Скарпета изјави дека најмногу загрижува порастот на долготрајната невработеност.

Во Италија, на пример, 10 проценти од младите се откажале од потрагата по работа, бидејќи тие ја изгубиле надежта, изјави тој.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП