Буџетот за 2024 година е проектиран на 343,6 милијарди денари или 5,5 милијарди евра, а во 2024 година се очекува да забрза економскиот раст и да изнесува 3,4 отсто во услови на зголемување на инвестициите, раст на потрошувачката на солидно ниво и закрепнување на надворешната побарувачка, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
Премиерот истакна дека во буџетот ќе има пари за зголемени плати, пензии, социјална помош и за сервисирање на обврските кон кредиторите. Најголем придонес, вели тој, ќе имаат бруто-инвестициите од државата, а двигател на растот ќе биде и поддршката на приватниот сектор.

