3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија го забрани пијалокот кој стана популарен и во Македонија

Словенија го забрани пијалокот кој стана популарен и во Македонија

Од понеделникот Словенија ја стопираше продажбата на една верзија на популарниот енергетски пијалок, откако беше откриено дека содржи Л-теанин, состојка што не е дозволена во безалкохолните пијалоци во ЕУ.

Од увидот потврдија дека верзијата со Л-теанин и на база на кофеин е повлечена од продажба, бидејќи со темелна анализа потврдија дека таквите верзии содржат дури 200 милиграми кофеин по лименка.

Вечерњи лист за словенечката веб-страница 24ур пренесува дека овој проблем првпат го пријавила Здружението на потрошувачи на Словенија, поради што е покрената инспекција, а таквите верзии се забранети додека не се отстранат неправилностите.

Се наведува дека големата загриженост во Словенија лежи во тоа што толку голема количина на кофеин може да има штетно влијание врз граѓаните, особено врз децата и адолесцентите.

Пијалокот е популарен и меѓу децата во Македонија, а го создадоа јутјуберите Логан Пол и КСИ, кои добија големи критики за рекламирањето на овој производ, чија цел беа младите.

Билјана Борзан, хрватска европратеничка и докторка, предупредила дека производот е опасен поради количината на кофеин што ja содржи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП