28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолдман Сакс: Глобалната економија ќе порасне за 2,6 отсто во 2024 година

Голдман Сакс: Глобалната економија ќе порасне за 2,6 отсто во 2024 година

Светската економија следната година ќе порасне за 2,6 отсто, покажува најновата прогноза на глобалната банкарска групација Голдман Сакс. Како што објави CNBC, Голдман Сакс предвидува силен раст на заработката во 2024 година и верува дека најтешкиот период на затегнување на монетарната политика е завршен.

Затоа во својата прогноза тој изрази поголем оптимизам од аналитичарите на Блумберг, кои очекуваат глобален раст од 2,1 отсто следната година. Голдман Сакс смета дека економијата на еврозоната следната година ќе порасне за 0,9 отсто.

Германија ќе забележи раст од 0,6 отсто, Франција – 1,1 отсто, Италија – 0,7 отсто, Шпанија – 1,7 отсто, се наведува на веб-страницата на организацијата. Американската економија се очекува да порасне за 2,1 отсто во 2024 година, исто колку и руската економија.

Кинеската економија ќе забави до 4,8 отсто следната година, од очекуваните 5,3 отсто во 2023 година, посочува Голдман Сакс.

Индиската економија ќе порасне за 6,3 отсто во 2024 година, нешто помалку од 6,4 отсто очекуваниот раст оваа година.

Голдман Сакс рече дека е „малку веројатно“ креаторите на политиката на развиените пазари да ги намалат референтните каматни стапки пред втората половина на 2024 година, освен ако економскиот раст не е послаб од очекуваното.

Според прогнозите на Голдман Сакс, инфлацијата ќе продолжи да паѓа во поразвиените економии во 2024 година, а можноста за рецесија во овие земји е „ограничена“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП