4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНе се јаде сè што лета, ама и не се гори сè...

Не се јаде сè што лета, ама и не се гори сè што има облик на пелета

Пазарот на пелети е стабилизиран. Годинава има баланс меѓу понудата и побарувачката на пелети, па цената на овој вид на греење е намалена во однос на претходната година, брифираат од Здружението на увозници на пелети.

Оттаму посочуваат дека една вреќа пелети годинава може да се купи и за 260 денари.

„Ова е резултат на тоа што има повеќе производители на пелети во земјава, кои ги задоволуваат потребите на потрошувачите. Исто така, има и поголема конкуренција меѓу увозниците, што придонесува за пониски цени”, брифираат од Здружението на увозници на пелети.

Но, не сите пелети се исти. Експертите предупредуваат дека на пазарот има производители кои произведуваат пелети на црно и кои не ги почитуваат стандардите за производство, со што се загрозува здравјето на граѓаните бидејќи на тој начин се загадува воздухот.

„Пелетите треба да се составени од чиста дрво, без лепила, лакови или други хемикалии. Тие треба да имаат одредена големина, облик и густина, за да можат да се запалат и да горат еднакво. Ако пелетите не ги исполнуваат овие критериуми, тие можат да предизвикаат чад, мирис и други штетни емисии, кои негативно влијаат врз здравјето на луѓето и животната средина”, вели професор на Машински факултет.

Скопјанецот Бојан Трајковски посочува дека уште пред неколку месеци набавил пелети по цена од 260 денари за вреќа.

Тој вели дека е задоволен од квалитетот на пелетите, кои ги купил од проверен продавач.

„Јас секогаш проверувам од каде се увезени пелетите и дали имаат сертификат за квалитет. Не сакам да ризикувам со неквалитетни пелети, кои можат да ми ја оштетат печката или да ми го загадат домот. Пелетите што ги користам се одлични, не прават дим, не мирисат и не оставаат многу пепел”, вели нашиот соговорник.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП