3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSpaceX лансираше десетици минисателити во орбитата

SpaceX лансираше десетици минисателити во орбитата

Во рамките на мисијата „Transporter 9“, во ниската орбита на Земјата беше лансирана ракетата Фалкон 9 со десетици минисателити, објави SpaceX на социјалната мрежа X.

Мисијата „Транспортер 9“ е деветти специјален лет на ракета на „SpaceX“ во орбитата која носи десетици микро и наносателити за комерцијални и владини клиенти.

Фалкон 9 беше лансиран од вселенската база Ванденберг во Калифорнија.

Transporter 9 е 82-та орбитална мисија на SpaceX оваа година.

Повеќето од мисиите беа посветени на создавањето на Starlink, интернет мегасоѕвездието на SpaceX со повеќе од 5.000 сателити.

Претходната мисија „Транспортер 8“ беше лансирана во јуни, кога во орбитата беа лансирани 72 минисателити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП