26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција е во банкрот

Франција е во банкрот

fran1

Францускиот министер за труд Мишел Сапин призна дека „Франција е целосно банкротирана“.

Според него, социјалистичката политика на „даноци и трошење“ едноставно не функционира.

„Имаме држава, но потполно банкротирана држава“, изјави Сапин во интервјуто за локалното радио, само шест месеци откако Социјалистичката партија ја презеде власта.

„Ние мора да спроведеме план за намалување на дефицитот и ништо не смее да ни го одвлече вниманието од таа цел“, додаде министерот.

Откако на власт дојде социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд невработеноста се зголемува, а се зголемуваат и трошоците за живот, додека мерките кои влијаат на богатите, ги тераат бизнисмените да „бегаат“ од државата.

-Сега се обидуваат да ја зајакнат економијатата со намалување на трошоците на државата и со зголемување на даноците во наредните пет години. Мегутоа, француската централна банка веќе ги објави податоците според кои капиталните инвестиции ја напуштаат земјата заедно со претприемачите кои работеле во нив, додаде тој.

Да се потсетиме на францускиот глумец Жерар Депардје кој се откажа од државјанството во знак на протест против големите даноци. Депардје од неодамна стана руски државјанин.

Британските медиуми од неодамна известија дека поранешниот француски претседател Николас Саркози планира да се пресели во Лондон, а како главна причина за тоа беа наведени огромните даноци во Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП