Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.11/2023 за долгови доспеани до 31.07.2023 и неплатени до 31.10.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.11/2023 објавени се 1815 должници – правни лица (повеќе за 32 од претходната листа) и 3683 физички лица (повеќе за 54 од претходната листа).

