8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанкарите откриваат: ЕЦБ нема да ги менува каматните стапки

Банкарите откриваат: ЕЦБ нема да ги менува каматните стапки

Европската централна банка (ЕЦБ) веројатно уште некое време нема да ги менува основните каматни стапки, оценија членовите на раководството на ЕЦБ.

ЕЦБ ги зголеми каматните стапки 10 пати од летото минатата година во обид да ја олади инфлацијата.

„Секоја дискусија за намалување на каматните стапки е прерана“, рече потпретседателот на ЕЦБ Луис де Гуиндос. Од месец во месец ќе следиме како се развиваат работите, но сега нашиот план е да ги задржиме каматните стапки стабилни додека не ја исполниме целта“, рече Де Гиндос.

Централните банки ја користат каматата за ладење на економијата, а со тоа и индиректно инфлацијата. Нивната цел е да постигнат рамнотежа помеѓу силната побарувачка, која пак ги турка цените, и економскиот раст, кој трпи поради поскапото финансирање и послабата побарувачка.

И претседателот на француската централна банка, Франсоа Вилерој де Гало, во интервју за едно радио, ја отфрли идејата за предвремено намалување на референтната каматна стапка.

Во исто време, тој оцени дека каматните стапки повторно ќе растат само во случај на „нов шок“.

Инфлацијата минатата година беше поттикната пред се од поскапувањето на енергенсите по рускиот напад врз Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП