6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија го забранува вештачкото месо

Италија го забранува вештачкото месо

Долниот дом на италијанскиот парламент денеска расправа за закон со кој би се забранило производство, увоз и рекламирање на храна произведена во лаборатории во таа земја.

Италија ќе ја забрани синтетичката храна, изјави италијанскиот министер за земјоделство Франческо Лолобриџида на настанот организиран од Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР). Тоа е првата земја во светот која се реши на тој чекор.

„Италија ќе биде првата нација без синтетичка храна и сака да стане пример за другите како да ја регулираат таа индустрија“, рече Лолобриџида (Браќа од Италија) за време на видео повик на собирот во Ирска наречен „Традиции и иновации: конзервативна иднина за европските фармери“ која ги собра водечките конзервативни политичари. Тој посочи дека е недозволиво квалитетната храна да се резервира само за богатите.

Европскиот комесар за земјоделство Јануш Војчеховски (PiS/ECR) во голема мера се согласи со него, додавајќи дека тој се залага за традиционално земјоделство и дека синтетичкото месо не е месо, исто како што синтетичкото млеко не е млеко.

„Користењето на името „природен производ“ за нешто што е синтетичко, според мене не е добра насока“, рече тој, истакнувајќи дека Европската комисија издвојува повеќе од шест милијарди долари за благосостојбата на животните и традиционалното земјоделство.

Сепак, како што пишува „Еурактив“, земјоделскиот модел што го предлагаат конзервативците е спротивен од оној што го усвои ЕУ, за кој Лолобриџида, водечката италијанска партија, сметаат дека е премногу бирократски и несоодветен за новите предизвици со кои се соочува континентот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП