27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија во моментов не планира да го обнови извозот на гориво

Русија во моментов не планира да го обнови извозот на гориво

Руската влада двапати неделно ја анализира ситуацијата на пазарот на гориво и ја проценува потребата од целосно или делумно враќање на извозот, пренесува ТАСС, повикувајќи се на коментар на вицепремиерот Александар Новак.

„Една од опциите за тоа да се случи е со хиперпродукција на горива, но засега такво решение нема“, додаде Новак.

Руската влада го запре извозот на бензин и дизел на крајот на септември за да го стабилизира домашниот пазар. Во тоа време, беше кажано дека има привремен недостаток поврзан со тековните планирани поправки во рафинериите и зголемената побарувачка од земјоделскиот сектор (за жетва). Се очекуваше состојбата да се нормализира по средината на октомври, кога ќе почне да се намалува побарувачката на горива, типична за зимската сезона.

Сепак, забраната за извоз на бензин е на неопределено време и зависи од состојбата на домашниот пазар, коментираат од Министерството за енергетика.

На почетокот на октомври мерката за извоз на дизел беше само олеснета бидејќи магацините се покажаа полни. Потоа, властите ги укинаа субвенциите за производителите на гориво што продаваат на домашниот пазар, каде што цената се одржува пониска отколку на меѓународните пазари.

Сега во Русија се коментира дека може да се забрани и извозот на керозин, што е поврзано со потребата да се обезбеди „зимски“ дизел на кој се додава керозин. Александар Новак за ТАСС потврдува дека на оваа тема се разговарало за време на состанокот со претставници на нафтената индустрија во Русија.

„Засега нема потреба да се забрани извозот на овој енергенс, но Владата препорача да се зголеми производството како мерка на претпазливост“, додава вицепремиерот. Руските медиуми јавуваат дека Новак наредил и анализа на ефектите од мерката за забрана за извоз на керозин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП