Портпаролот на IDF, Даниел Хагари, објави видео на мрежата Х од копнените борби на IDF и Хамас во Појасот Газа.
На видеата може да се видат тенкови и пешадија на израелската армија како пукаат гранати и пукаат кон борците на Хамас долж брегот на Појасот Газа.
Конфликтот започна на 7 октомври кога палестинскиот Хамас со своите единици нападна, навлезе на територијата на Израел и уби 1.400 луѓе. Потоа следеше реакцијата на Израел кој го држи Појасот Газа под окупација. Речиси 10.000 Палестинци беа убиени, од кои повеќето цивили и деца.
ОН со денови предупредуваат дека ситуацијата во Газа е катастрофална и дека се соочуваат со невидена хуманитарна криза.