2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПаѓаат цените на храната во светот

Паѓаат цените на храната во светот

Светските цени на храната благо паднаа во октомври поради падот на индексот на цените на шеќерот, житариците, растителните масла и месото, заедно со зголемувањето на индексот на млечните производи, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Светскиот индекс на цените на храната падна на 120,6 поени во октомври од 121,3 поени во септември, се наведува на веб-страницата на организацијата.

Вредноста на споменатиот индекс во август изнесуваше 121,6 поени, а во јули 124,1 поени, од што произлегува дека светските цени на храната паѓаат трет месец по ред, но сега со побавно темпо, наведува ФАО.

Индексот на цените на житото за октомври изнесува 125 поени, што е за еден процент помалку во однос на септември и 17,9 отсто помалку од октомври лани, а цената на пченицата паднала за 1,9 отсто на месечно ниво.

Индексот што ги следи промените на цените на растителните масла падна за 0,7 отсто на 120 поени на месечно ниво, пред се поради падот на цената на палминото масло, како и показателот за цената на шеќерот – за 2,2 отсто, на 159,2 поени, благодарение на брзото темпо на производство во Бразил.

Светските цени на млекото и млечните производи во октомври пораснале за 2,2 отсто, на 111,3 поени, а месото паднало за 0,6 отсто на 112,9 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП