Вицепремиерот беше прашан од новинарите дали со новиот буџет се предвидени пари ако солидарниот данок падне на Уставен суд, а компаниите си ги бараат парите назад.
„До моментов има законска обврска за плаќање на солидарниот данок. Средствата ќе се користат за антикризни мерки што ќе бидат познати наредните денови. Ако евентуално има таква одлука, има доволно средства во буџетот, но првенствено намерата е за антикризни мерки. Ако има таква одлука ќе треба да се земат пари од граѓаните за да се вратат на компаниите што нема да се случи“, рече Битиќи.

