22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија го одложи воведувањето на еврото за почетокот на 2025 година

Бугарија го одложи воведувањето на еврото за почетокот на 2025 година

Бугарската влада објави дека го одложува целниот датум за воведување на еврото до 2025 година. Иако претходно беше најавено дека Бугарија би можела да го воведе еврото на почетокот на следната година, Владата најави дека се уште не е многу направено за да се создадат правни предуслови за тој чин.

„Неколку експерти се сомневаа во одржливоста на целниот датум за влез на Бугарија во еврозоната поради високата инфлација. Според податоците на Националниот институт за статистика, годишната инфлација во Бугарија лани изнесувала 15,3 отсто“, пишуваат бугарските медиуми.

Еден од критериумите за влез во еврозоната се однесува на стабилноста на цените.

Во Бугарија инфлацијата во септември изнесуваше 6,4 отсто, додека податоците од претходниот месец покажуваат инфлација од 7,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП