2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата го јаде историскиот раст на платите во Британија

Инфлацијата го јаде историскиот раст на платите во Британија

Британските работници го добија своето најголемо неделно зголемување на платите во најмалку четвртина век, при што заработувачката на жените расте побрзо од мажите, покажува сеопфатното истражување на пазарот на труд објавено во средата.

Неделната заработка на работниците со полно работно време се зголеми за 6,2% во 12-те месеци заклучно со април, периодот опфатен со последното годишно истражување за часови и заработувачка (ASHE) што ќе го подготви официјалната британска статистичка агенција – „ONS“. Ова е најбрзиот раст од почетокот на бенчмаркингот во 1997-ма година.

И покрај зголемувањето, сепак, средствата на луѓето всушност се намалуваат поради уште поголемиот скок на инфлацијата во 12-те месеци заклучно со април, нагласува и новинската агенција. Просечната неделна заработка на оние со полно работно време падна за 1,5% на годишно ниво кога се приспособи на индексот на потрошувачки цени, кој ги вклучува трошоците за домување на сопствениците, процени „ONS“.

Зголемувањето на неделната заработка беше најсилно кај работниците со полно работно време во приватниот сектор, чија заработка скокна за рекордни 7,7%, додека нивните колеги од јавниот сектор забележаа пораст од 3,7%, побавно од 4,9% една година порано.

Просечната неделна плата за сите мажи се зголеми за 6,8%, заостанува зад зголемувањето од 9,1% за жените, иако разликата во растот на платите беше помала кога беа земени предвид само вработените со полно работно време.

Инаку, просечната неделна плата на жените кои работат со полно работно време била за 13% пониска од онаа на мажите.

Канцеларијата за национална статистика објави дека најголем пораст на платите по сектори има кај послабо платените професии, при што оние во нега, одмор и други услуги се зголемени за 9,4%.

Просечната бруто-годишна заработка за сите вработени со полно работно време се зголеми за 5,8% на 34.963 фунти, што е малку помал пораст од 5,9% во 12-те месеци до април 2022-ра година.

Банката на Англија стравува дека оваа стапка на раст на платите во Обединетото Кралство може да создаде ценовна спирала. Се очекува да ги задржи каматните стапки на чекање за втор состанок по ред во четврток и да ја сигнализира својата намера да ги задржи високи подолго време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП