19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСедумдесет проценти од рускиот извоз оди во Азија

Седумдесет проценти од рускиот извоз оди во Азија

Пред корона вирусот, трговијата со земјите-членки на ЕУ сочинуваше повеќе од половина од рускиот извоз, а сега овој удел е намален на 16 проценти.

Економската соработка на Русија со азиските земји продолжи да расте со истовремен пад на трговската размена со Европската унија, изјави вршителот на должноста шеф на руската Федерална царинска служба Руслан Давидов.

Давидов посочи дека трговската размена со Кина и Индија расте со брзо темпо, а во пораст е и трговијата со земјите од Латинска Америка. FCS се обиде да ги поедностави царинските процедури за да ја забрза испораката на стоки и да го олесни понатамошниот раст на трговијата со своите партнери.

„Ако во времето пред кризата, пред Ковид, учеството на земјите од Европската унија во нашата трговија беше 50 или повеќе проценти, сега овој удел е намален на 16 проценти, а учеството на азиските земји, како што гледаме овде, е зголемено на речиси 70 проценти и продолжува да расте“, изјави шефот на руската царина.

Давидов претходно објави дека економската соработка на Москва со речиси сите земји од ЗНД се проширува, при што ЗНД сега учествува со 14 отсто од надворешната трговија на Русија.

Статистиката покажува и дека трговската размена со земјите членки на Евроазиската економска унија е во пораст, а се очекува оваа година да достигне 100 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП