8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната во октомври 2,9 отсто

Инфлацијата во еврозоната во октомври 2,9 отсто

Инфлацијата во еврозоната падна на 2,9 отсто во октомври од 4,3 отсто во септември, што е најниско ниво во последните две години и под проценката на економистите од 3,1 отсто, покажуваат прелиминарните податоци на Евростат објавени во вторник.

Базичната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на храната и енергијата, падна на годишно ниво од 4,2 отсто во октомври од 4,5 отсто во септември, пренесува CNBC.

Според извештајот на Евростат, економијата на еврозоната во третиот квартал ослабела за 0,1 отсто и покрај проценките дека БДП ќе остане непроменет во однос на претходниот квартал.

Земјите од европската монетарна унија во последните 18 месеци мака мачат со висока инфлација, при што индексот на потрошувачките цени во октомври минатата година достигна врв од 10,6 отсто. Европската централна банка (ЕЦБ) одговори со серија од 10 последователни зголемувања на каматните стапки, по што нејзината основна каматна стапка беше зголемена на четири отсто.

ЕЦБ очекува раст на економијата на еврозоната за 0,7 отсто оваа година, за 1 отсто следната година и 1,5 отсто во 2025 година. Германија, најголемата европска економија, забележа квартален пад на БДП од 0,1 отсто во третиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП