28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндиски милијардер: Младите индијци треба да работат 70 часа неделно

Индиски милијардер: Младите индијци треба да работат 70 часа неделно

На Индија и требаат „многу решителни, исклучително дисциплинирани и вредни“ млади луѓе кои треба да работат 70 часа неделно за да ја направат земјата глобална економска сила, изјави индискиот милијардер Н.Р. Нарајана Мурти.

Овој ко-основач на софтверскиот гигант Infosys, кој е и свекор на британскиот премиер Риши Сунак, додаде дека Германците и Јапонците го направиле истото по Втората светска војна, пренесува CNN.

-Нашата младина презема од Запад некои навики кои не се толку пожелни и со тоа не и помагаат на државата. Продуктивноста на трудот во Индија е меѓу најниските во светот“, рече Н.Р. Нарајана Мурти.

Милијардерот верува дека корпоративните лидери во Индија треба да ги мотивираат младите луѓе да „работат многу напорно“ со тоа што ќе им кажат дека нивната земја сега за прв пат добива почит на глобално ниво и дека е време да се консолидира и забрза напредокот.

Според Форбс, Мурти има богатство од над четири милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП