4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТСАД се залагаат за решение со две држави за израелско-палестинскиот конфликт

САД се залагаат за решение со две држави за израелско-палестинскиот конфликт

Со оглед на тоа што тринеделната војна меѓу Израел и Хамас влегува, како што вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во „долга и тешка“ нова фаза, американскиот претседател Џо Бајден ги повикува израелските и арапските лидери внимателно да размислат за повоената реалност.

Во таа реалност, како што тврди американскиот претседател, приоритет треба да биде конечно да се најде договор за долго бараното решение со две држави на израелско-палестинскиот конфликт.

„Нема враќање во статус кво како што беше на 6 октомври“, им рече Бајден на новинарите, мислејќи на денот пред милитантниот напад на Хамас врз Израел кој ја започна последната војна. Белата куќа соопшти дека Бајден му ја пренел истата порака директно на Нетанјаху за време на телефонскиот разговор минатата недела.

„Тоа исто така значи дека кога оваа криза ќе заврши, мора да има визија за тоа што следува, а според нас тоа треба да биде решение со две држави“, рече Бајден.

Со децении, американските претседатели и дипломати на Блискиот Исток се залагаат за решение со две држави – во кое Израел би коегзистира со независна палестинска држава. Тоа беше одложено до понатамошно известување, кога последните напори на мировните преговори предводени од САД пропаднаа во 2014 година поради несогласувањата околу израелските населби на палестинските територии, ослободувањето на палестинските затвореници и други прашања.

Палестинската државност е нешто на кое Бајден ретко се осврнуваше на почетокот на неговиот мандат. За време на посетата на Западниот Брег минатата година, Бајден рече дека „не е зрел теренот“ за нови обиди за постигнување траен мир, иако на Палестинците им ја повтори долгогодишната американска поддршка за палестинската државност.

Сега, во услови на зголемена загриженост дека војната меѓу Израел и Хамас може да ескалира во поширок регионален конфликт, Бајден почна да нагласува дека откако ќе престанат бомбардирањето и борбите, работата кон палестинската држава повеќе не треба да се игнорира.

До неодамна, Бајден ставаше многу поголем акцент на она што неговата администрација го гледаше како полесно остварлива амбиција за нормализирање на односите меѓу Израел и неговите арапски соседи, отколку на повторното започнување на мировните преговори.

Дури и неговиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, не ја спомна палестинската државност во долгиот есеј напишан непосредно пред нападот на 7 октомври во кој се опишуваат глобалните напори на Бајден за надворешна политика. Во новата верзија на есејот за надворешни работи објавена на интернет, Саливан напиша дека администрацијата е „посветена на решение со две држави“. Претставникот на Белата куќа, исто така, вели дека разговорите за нормализација секогаш вклучувале значајни предлози во корист на Палестинците.

Не недостигаат пречки на патот на повоената визија на Бајден. Независна палестинска држава на Западниот Брег и Газа не е прифатлива за екстремно десничарската влада на Израел. Неефикасната палестинска управа контролира делови од Западниот Брег и има мал кредибилитет меѓу населението со кое управува. Во исто време, доаѓаат и претседателските избори во САД, што го прави Бајден да не биде идеален посредник во 2024 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП