28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДел од горивата од полноќ ќе бидат поевтини за половина денар

Дел од горивата од полноќ ќе бидат поевтини за половина денар

Од полноќ поевинуваат Еуросупер-98 и Еуродизелот за половина денар.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98 проценти во однос на одлуката од 27 октомври.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,504%, кај дизелот за 1,498%, кај екстра лесното масло за 3,794% и кај мазутот намалувањето е за 2,993%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,034%

Од 31.10.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 81,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 46,291 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,883 ден/кг.

Од Регулаторна напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 31.10.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП