30 април, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАКако да извозите 400 километри во месецот за само 400 денари?

Како да извозите 400 километри во месецот за само 400 денари?

Кога имаат можност да бираат како да се движат по скопските улици, сѐ повеќе наши сограѓани се одлучуваат за електрични скутери, кои наликуваат на обичните скутери на бензин, но имаат многу предности.

Тие не испуштаат никаков звук, не ја загадуваат околината и не трошат премногу струја.

Со тоа, тие помагаат во заштитата на животната средина и намалувањето на трошоците за транспорт.

Еден од продавачите на електрични скутери во Скопје нè информираше дека секој поминат километар со ваков мотор чини само 1 денар.

„Скутерот се полни на струја во домашни услови, а струја влече толку колку што влече и лаптоп компјутер. Со едно полнење, скутерот може да помине и до 70 километри без никаков проблем. Тоа значи дека за месечно поминување од 400 километри, потребно е само 400 денари за струја”, вели тој.

Продавачот ги советува возачите да си купат и резервен акумулатор, кој би им бил при рака доколку некогаш ги остави возилото без електрична енергија.

„Резервниот акумулатор чини околу 200 евра и може да се замени лесно. Така, нема да имате грижи дали ќе стигнете до вашата дестинација или не. Сигурно дека нема да поминете повеќе од 140 километри во еден ден”, додава тој.

Еден од задоволните корисници на електричен скутер е Андреј, студент од Центар.

Тој пред почетокот на летото купил електричен скутер за 1.700 евра и вели дека е презадоволен.

„Електричниот скутер ми овозможува да се движам брзо и лесно низ градот, без да зависам од јавниот превоз. Исто така, многу малку троши струја и не загадува. Сметам дека електричниот скутер е идеално решение за урбаната мобилност”, ни изјави Андреј.

Електричните скутери се дел од глобалниот тренд на зелена трансформација, кој цели да ги намали штетните емисии од сообраќајот и да го подобри квалитетот на живот на граѓаните.

Според некои проценки, до 2030 година, повеќе од половина од светските возила ќе бидат електрични.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП