23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната ќе достигне ниво од два отсто дури во 2025...

Инфлацијата во еврозоната ќе достигне ниво од два отсто дури во 2025 година

Европската централна банка, откако десет пати по ред ги зголеми каматните стапки, на последната седница одлучи да го паузира нивниот раст.

„Прво, решивме повеќе да не ги зголемуваме каматите, бидејќи во последната нешто повеќе од една година тие се зголемени за 450 базични поени или 4,5 отсто, што е многу брзо зголемување на каматните стапки. Во моментов гледаме дека инфлацијата се намалува, што значи дека имаме дезинфлациски процес и во тој процес цела низа активности на кои работевме на намалување на кредитната активност“, изјави гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ.

Според неговите зборови, во ЕЦБ се следат три критериуми за можно зголемување на каматните стапки – проекција на инфлацијата, преносниот механизам на монетарната политика и влијанието врз целата економија.

Сепак, во еврозоната инфлацијата се уште е далеку од посакуваната цел од два отсто. Вујчиќ вели дека оваа цел најверојатно нема да се постигне пред 2025 година, пишува Блумберг повикувајќи се на ХРТ.

„Инфлацијата опаѓа од крајот на минатата година и во еврозоната и во Хрватска. Сепак, тоа е постепен процес на опаѓање на стапката на инфлација и ќе продолжи до 2025 година. Стапката на раст на цените паѓа, но тие се уште не паѓаат во просек“, коментира хрватскиот гувернер.

Во однос на состојбата во Хрватска, Вујчиќ го коментираше и растот на каматните стапки на депозитите, кои се уште се под просекот во еврозоната.

„Со години ме прашуваа кога ќе имаме камати како во Германија. Сега имаме пониска камата на станбените кредити и пониска камата на банкарските депозити отколку во Германија. Овде е некаде околу 1,35 отсто, во Германија е околу три отсто. Во исто време, можете да земете поевтин станбен кредит, без разлика дали сте домаќинство или компанија, отколку што земаат компаниите во Германија. Во таа насока, дури и кога ќе се зголемат пасивните камати, ќе растат и каматите на кредитите“, објаснува Вујчиќ за ХРТ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП