24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВозниот парк во БиХ меѓу најстарите во Европа

Возниот парк во БиХ меѓу најстарите во Европа

bosna

Босна и Херцеговина е земја која има најстар и најзапуштен возен парк во Европа.

Официјалните статистички податоци покажуваат дека граѓаните од таа земја возат автомобили со просечна старост помеѓу 15 и 17 години, додека најстарите регистрирани автомобили се стари дури 40 години, пренесоа во вторникот локалните медиуми од земјата.

Според анализата која ја спроведе „Институтот за економски инженеринг од Зеница“, за потребите на „Комората за надворешна трговија на Босна и Херцеговина“, во Федерацијата на Босна и Херцеговина просечната старост на возилата на патиштата е 16,99 години.

Патните возила постари од 20 години се скоро 40 отсто, додека оние кои се произведени во 2008 година и после тоа, се сметаат за нови во сообраќајот и опфаќаат само 6,72 отсто.

Најстарите регистрирани автомобили во Босна и Херцеговина се произведени во дамнешната 1971 година, а станува збор за „Ford 17M“, „Volkswagen Beetle“ и за  „Peugeot 204“.

Секретарот на здружението за заштита на потрошувачите на Босна и Херцеговина, Месуд Лакота, потсети дека веднаш по војната просечната старост на  регистрирани автомобили во Босна и Херцеговина била 20 години.

По неговата проценка, сите собрани податоци само додатно ја прикажуваат општата слика за сиромаштија во државата.

„Во Сараевскиот кантон има 100 илјади возила, но нивната просечна вредност е околу две илјади евра. Дали е тоа богатство?“, рече Лакота во изјавата за „Независен весник“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП