17 мај, 2024
ПочетнаСВЕТМасовен напад на Газа: 100 авиони, 150 цели (ФОТО/ВИДЕО)

Масовен напад на Газа: 100 авиони, 150 цели (ФОТО/ВИДЕО)

Израелските одбранбени сили (IDF) објавија дека околу 100 нивни авиони во текот на ноќта погодиле 150 цели на Хамас во Појасот Газа.

Жителите на Појасот Газа изјавија дека синоќа на три локации имало судири со израелските оклопни сили и пешадија, пренесува Гардијан.

Според нив, најсериозни конфликти има на северот на Појасот Газа, во областа Беит Лахија и Беит Ханун.

Бидејќи од синоќа речиси целосно се исклучени интернетот и сигналот за мобилни телефони во Појасот Газа, информациите за состојбата во палестинската енклава со околу 2,3 милиони жители се оскудни.

Сепак, на снимката направена од Израел и Египет се гледаат експлозии предизвикани од воздушни напади и артилерија, кои го претворија небото во портокалово, пишува „Гардијан“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП