4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ, ЕЦБ и ММФ го отфрлија планот за спасување на банките во...

ЕУ, ЕЦБ и ММФ го отфрлија планот за спасување на банките во Словенија

eu

Претставниците на Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, се сомневаат во ефективноста на словенечките „лоши“ банки, се наведува во прелиминарното мислење за правната рамка за управување со нефункционалните кредити.

Странските институции се загрижени дали четири милијарди евра во државни гаранции и една милијарда евра за докапитализација на банките се доволни, тие сакаат да знаат на кој начин владата стигнала до тие бројки, со оглед на тоа што сеуште не спровела стрес-тестови во банките, наведува словенечкиот Дневник.

ЕУ, ЕЦБ и ММФ очекуваат попрецизно дефинирање на улогата на компаниите за управување со банкарските средства, т.н лоши банки, нивните овластувања и детали за финансирањето до крајот на јануари, пренесува словенечката агенција СТА.

Тие, исто така, сугерираат централната банка, за која веруваат дека не учествува доволно во процесот за спасување на банките, да спроведе стрес-тест во рок од три месеци, за да ја утврди соодветноста на капиталот во банките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП