7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија на деветтото место во Европа според куповната моќ

Германија на деветтото место во Европа според куповната моќ

Со 26.271 евра куповната моќ на просечниот жител на Германија во 2023 година беше деветта најсилна во Европа, односно позицијата е послаба од лани.

Ова во средата го објави институтот за истражување на пазарот GfK.

Бројката се однесува на приходот по жител после даноците и социјалните бенефиции, соопшти Нирнбершкиот институт.

Жителите на Лихтенштајн имаат најголема куповна моќ, 68.843 евра, пред Швајцарците со 49.592 и Луксембуржаните со 40.931 евра. Следат Исланѓаните, Данците, Ирците, Австријците и Норвежаните.

Просечната куповна моќ во европските земји годинава е 17.688 евра.

Луѓето во Белорусија, Косово и Украина имаат најмалку пари за трошење, нешто помалку од 2.500 евра.

Вкупно, жителите на 42 европски земји годинава имаат на располагање 12.100 милијарди евра за храна, домување, услуги, сметки, приватно лекување и пензии, разни осигурувања, одмори, мобилност и забава.

Просечната куповна моќ по Европеец е зголемена од 2022 година за номинални 5,8 отсто, но тоа нема да биде доволно за да се покрие реалниот пад на приходите поради инфлацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП