5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОва е жената која се крие зад гласот на Siri

Ова е жената која се крие зад гласот на Siri

siri

Сузан Бенет  ги снимила тоновите кои ги користи „Siri“ уште во 2005-та година, две години пред „iPhone“ да биде претставен. „Apple“ ја купи апликацијата и ја вгради во својот оперативен систем во 2011-та година.

„Siri“ во последните две години е верен сопатник на милиони корисници на уредите на „Apple“. Дава информации за времето, препорачува ресторани (кои се во близина), се шегуваат со неа, а подготвено одговара на бројни незгодни прашања. На уредите на „Apple“ пристигна како составен дел на „iOS“ во 2011-та година, иако претходно беше достапна како посебна апликација.

Нејзиниот најпознат глас е на онаа Американка која досега не беше позната. Како што велат од „CNN“, станува збор за Сузан Бенет која живее во близина на Атланта, иако од „Apple“ нема официјална потврда. Таа вели дека тоа е нејзиниот глас, а истото го тврдат и колегите, но и вештак со 30 години искуство. Бенет со години го позајмува својот глас, а започнала како глас за банкомати, а денес може да се слушне во реклами, на „GPS“ уредите и на терминалите на аеродромите на компанијата „Delta“.

„Siri“ во „iOS 7“ проговори на дополнителни јазици, а глумците кои го дадоа својот глас во Велика Британија и Австралија го открија својот идентитет, но не и Бенет. Таа вели дека не била сигурна дали го сака тој притисок и дали е се легално. Но откако „Verge“ ја објави приказната за „Siri“, таа одлучила јавно да се појави.

Но, целата приказна започнала уште во 2005-та година, две години пред претставувањето на „iPhone“. На софтверската компанија „ScanSoft“ и бил потребен глас за својот нов проект, па преку „GM Voices“ стапиле во контакт со Сузан. По неколку часа, секој ден, во август 2005-та година го снимала својот говор за базата на податоци.

Различни фрази и реченици морале да ги снимаат за да можат подоцна експертите од тоа да извлечат делови и да направат систем кој може да се користи во „GPS“ и телефонските системи.

Бенет вели дека не знаела за што ќе се користи нејзиниот глас, па претпоставувала дека станува збор за снимање за некој телеком. Неколку години подоцна пристигна и „iPhone 4S“ и кога го слушнала „Siri“ знаела дека тоа е нејзиниот глас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП