28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција ќе има проблем да го намали дефицитот

Франција ќе има проблем да го намали дефицитот

Франција ќе се соочи со проблеми во обидот да ја постигне целта за намалување на буџетскиот дефицит на 2,7% во 2027-ма година, истакнува главниот економист на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Пјер-Оливие Гериншас.

„Целта „ќе биде малку тешко да се постигне“ според сегашната владина политика Потребен е поголем напор“, рече Гериншас за радиото „France Inter“.

Владата на претседателот Емануел Макрон планира да ги намали трошоците во наредните години, но буџетскиот дефицит не се очекува да падне под границата на Европската унија (ЕУ) од 3 отсто од бруто домашниот производ (БДП) до 2027-ма година.

Правилата на ЕУ беа суспендирани за време на пандемијата со Ковид-19, а потоа повторно по руската инвазија на Украина, давајќи им на владите поголема слобода за трошење до крајот на 2023-та година.

Во Франција, „буџетскиот пат што владата го планира оди во вистинска насока“, коментираше и Гериншас, додавајќи: „Можеби се движи премногу бавно“.

Економистот повика на натамошни реформи за да се поттикне растот на земјата и рече дека е премногу рано за големите централни банки да почнат да ги намалуваат каматните стапки бидејќи инфлацијата сѐ уште е далеку од целите. Според него, финансиската состојба на Франција не е алармантна, со оглед на тоа што има простор за маневрирање во буџетот.

Министерот за финансии Бруно Ле Мер очекува дефицитот следната година да биде 4,4 отсто бидејќи бара заштеди од 16 милијарди евра во владиниот буџет.

Франција избегна каква било промена на рејтингот или изгледите од „Moody’s Investors Service“, што го натера Ле Мер да објави на социјалната платформа „Х“ дека одржувањето на суверениот рејтинг на земјата „ја зајакнува нашата желба да го намалиме долгот и мојата решеност да ги обновам јавните финансии“.

„Fitch Ratings“ треба да го разгледа рејтингот на Франција на 27-ма октомври, како и „S&P Global Ratings“, кој има негативна перспектива за земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП