4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГаспром испраќа гас во Европа преку Украина

Гаспром испраќа гас во Европа преку Украина

Гаспром испорачува гас за Европа преку Украина, во количина од 41,8 милиони кубни метри дневно, преку гасната станица Суја во руската област Курск.

Ова им го кажа на новинарите претставникот на руската компанија.

„Газпром од 22 октомври испорачува руски гас во транзит преку украинска територија во волумен потврден од украинската страна преку пумпната станица Суја во количина од 41,8 милиони кубни метри“, изјави претставник на Гаспром, пренесе ТАСС.

Тој додаде дека е одбиено барањето за испорака на гас преку станицата Сорановка.

На истата линија вчера беа транспортирани 41,5 милиони кубни метри гас.

Транзитната линија низ Украина останува единствената рута за снабдување на земјите од Западна и Централна Европа со руски гас. Целосно е прекинато пумпањето низ Северен тек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП