28 април, 2024
ПочетнаСВЕТПапата до Израелците и Палестинците: Браќа, застанете, престанете!

Папата до Израелците и Палестинците: Браќа, застанете, престанете!

Папата Франциско повика на прекин на војната меѓу палестинското исламистичко движење Хамас и Израел и побара да се дозволи поголема хуманитарна помош да стигне до Појасот Газа.

„Војната е секогаш пораз, таа е уништување на човечкото братство. Браќа, застанете, престанете! рече на неделниот Ангелус на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

„Го повторувам мојот повик премините да бидат отворени, хуманитарната помош да продолжи да пристигнува и заложниците да бидат ослободени“, додаде Папата.

Борците на Хамас се инфилтрираа на израелска територија од Појасот Газа на 7 октомври, ширејќи терор во напад без преседан од создавањето на Израел во 1948 година.

Според израелските власти, на денот на нападот биле убиени повеќе од 1.400 луѓе, од кои повеќето цивили, застрелани, живи запалени или осакатени на денот на нападот.

Министерството за здравство во Појасот Газа во неделата објави дека над 4.700 Палестинци се убиени, а речиси 16.000 се ранети во израелските напади од 7 октомври.

Израел во неделата навечер ги засили нападите врз Појасот Газа во пресрет на најавената копнена инвазија. Тој додаде дека десетици палестински борци биле убиени во тие напади во текот на ноќта.

Портпаролот на израелската армија потврди и дека во Газа има 212 заложници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП