2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПретседателката на синагогата во Детроит убиена пред нејзината куќа

Претседателката на синагогата во Детроит убиена пред нејзината куќа

Претседателката на синагогата во Детроит, на северот на САД, блиска до локални претставници на Демократската партија, вчера била пронајдена мртва, избодена со нож пред нејзината куќа, објавија медиумите и полицијата, без да го прецизираат мотивот на убиство. Кога полицијата и медицинските лица пристигнале на местото на настанот во голема населба во Мичиген по дојава, го нашле лицето „онесвестено како лежи на земја“ и можеле само „да ја прогласат за мртва“, се вели во соопштението на полицијата.

Detroit Free Press пишува дека жртвата е Саманта Вол (40). На телото на жртвата биле видливи повеќе убодни рани, а истрагата ја води крим-одделот на полицијата за убиства“, додаваат од полицијата и наведуваат дека „се уште не е познат мотивот за убиството“.

Според Detroit Free Press, Вол била претседател на Синагогата во центарот на градот Исак Агри од 2022 година, а претходно работела за собраниската пратеничка Елиса Слоткин и учествувала во кампањата за реизбор на јавниот обвинител на Мичиген, Дејна Несел. Двајцата се членови на Демократската партија.

Во објава на X, Дејна Несел рече дека е „тажна и ужасната од насилната смрт на Сем“. „Таа беше најљубезната личност што ја познавав, водена од искрената љубов кон нејзината заедница, држава и земја.

Сем се потпираше на нејзината вера и активизам за да создаде подобар животен простор за сите луѓе“, рече државниот обвинител, без да наведе детали за истрагата која штотуку започна.

Соединетите Американски Држави, особено Њујорк, се потресени од протести, тензии и серија насилни немири во кои се вклучени еврејски и муслимански групи, под влијание на блискоисточната војна меѓу Хамас и Израел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП