5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците се уште се греат на руски гас

Германците се уште се греат на руски гас

Германија сè уште тргува со руски течен природен гас бидејќи раскинувањето на потпишаните договори би ја чинело милијарди евра.

SEFE(поранешна компанија на Газпром) испорачува руски ЛНГ според стар договор склучен пред национализацијата од минатата година.

Овие пратки не подлежат на меѓународни санкции и се вршат преку Индија.

Овој аранжман стана главоболка за Германија бидејќи официјално го отфрли рускиот гас поради настаните во Украина. Додека државната компанија за транспорт на гас одржува врски со Москва и покрај политичката реторика, Берлин се најде на удар на критики, пишува Блумберг.

Од друга страна, раскинувањето на договорот ќе ги чини германските даночни обврзници најмалку 10 милијарди евра, значително повеќе отколку што федералната влада му помага на SEFE. Затоа, цената е толку висока што го прави овој потег неверојатен, велат упатени извори.

Тоа е само проценка на вкупната штета и казните доколку Русија ја тужи таа компанија на меѓународна арбитража и победи, велат упатените во оваа проблематика.

Според нив, германското Министерство за економија се уште размислува како да го реши ова прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП