1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПекинг затвори 103 фабрики

Пекинг затвори 103 фабрики

peking2

Пекинг привремено затвори 103 фабрики кои се големи загадувачи, а од патиштата отстрани 30 проценти од владините возила, со цел да стави крај на проблемот со загадување на воздухот, објавија државните медиуми, кои потенцираат дека воздухот над главниот град и понатака е опасен.

Квалитетот на воздухот во Пекинг во последните две недели е „многу штетен“ и „опасен“, а во вторникот достигна 517 поени од индексот за загаденост, со други зборови оваа бројка беше наречена „невозможна за да се измери“.

Загаденоста на воздухот во Пекинг редовно преминува 500 поени од индексот кој ги мери честичките со дијаметар од 2,5 микрони во воздухот. Опасна е состојбата која покажува повеќе од 300, а според препораките на Светската здравствена организација, дневното ниво не треба да преминува 20 поени.

Во почетокот на јануари, загадувањето достигна рекордно високо ниво, 30-45 пати повеќе од дозволеното, а целиот град е завиен во дебел отровен облак, поради кој авиосообраќајот беше прекинат, а на луѓето не им беше дозволено да излезат надвор од своите домови.

Државната новинска агенција „Ксинхуа“ објави дека градските власти во Пекинг одржале итен состанок „поради вонредната состојба и потребата од воздржаност во загадувањето на воздухот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП