2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатар ќе испорачува течен гас и на Холандија до 2050-та

Катар ќе испорачува течен гас и на Холандија до 2050-та

Катарската компанија „QatarEnergy“ потпиша 27-годишен договор со „Shell“ за испорака на течен гас за Холандија, пишува „Bloomberg“.

Ова е втор договор на Катар за долгорочни испораки (до 2050-та година) во земја од Европската унија (ЕУ), откако пред една недела потпиша со француската „TotalEnergies“.

Според договорот, Катар ќе доставува 3,5 милиони тони течен гас годишно на терминалот во Ротердам.

„Bloomberg“ забележува дека европските енергетски гиганти потпишуваат некои од најдолгорочните договори за снабдување со течен гас. Европа се подготвува за својата втора зима без гасоводен гас од Русија и главно ќе се потпира на гас од Норвешка и снабдување со ЛНГ.

Поради кризата на Блискиот Исток и експлозијата на гасоводот во Балтичкото Море што ги поврзува Финска и Естонија, цената на гасот на холандската берза ТТФ нагло порасна на 54 евра за мегават час на 13-ти октомври. На раната седница вчера (18.10) цената се движи околу 50 евра за мегават час.

Европа планира да биде јаглеродно неутрална до 2050-та година и природниот гас беше едно од средствата за постигнување на енергетската транзиција кон оваа цел. Сепак, плановите нагло се променија по почетокот на војната во Украина, а земјите од заедницата почнаа да бараат алтернативи за рускиот природен гас што се користи со децении.

Катар е меѓу водечките извозници на течен природен гас во светот по САД и Австралија. Земјата се движи кон долгорочни договори за да ги поттикне инвестициите во развојот на нејзиниот потенцијал во овој сектор. Доха планира да го зголеми производството за 64% до 2027-ма година.

Досега Катар пласираше околу 18,8 милиони тони од планираното зголемување на течен гас, а околу 40% од проектот останува празен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП