1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМаск започна да тестира наплата на X за нови корисници

Маск започна да тестира наплата на X за нови корисници

X, порано познат како Твитер, почна да им наплаќа на новите корисници во Нов Зеланд и Филипини 1 долар годишно за пристап, како дел од тест програма. Форбс вчера објави дека тоа е план за сите корисници, а споменатите „клучни карактеристики“ вклучуваат твитање, одговарање на други корисници и генерално активно користење на социјалната мрежа.

Оние кои не плаќаат претплата ќе можат само да читаат објави, да гледаат видеа и да следат други профили. Од X, социјалната мрежа на Илон Маск, велат дека вака се борат против ботови.

„Почнувајќи од 17 октомври 2023 година, почнавме да тестираме Not A Bot, нов метод за претплата за нови корисници во две земји. Овој нов тест беше развиен за да ги зајакне нашите веќе значајни напори за намалување на спам, манипулација со нашата платформа и активност на ботовите. Постојните корисници не се засегнати од оваа програма“, велат тие.

X Blue

X веќе нуди премиум претплата, X Blue, која чини осум долари месечно, што на корисниците им дава сино штиклирање, им овозможува да пишуваат подолги објави и да ги уредуваат постоечките, а им дава приоритет на нивниот профил во резултатите од пребарувањето.

Маск во септември најави дека ќе почне да им наплаќа на сите за користење на социјалната мрежа. Потоа во живо рече дека компанијата ќе воведе „мала месечна исплата за борба против армијата на ботови“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП