4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотпишан е еден од најголемите договори во историјата на Русија и Кина

Потпишан е еден од најголемите договори во историјата на Русија и Кина

Русија и Кина го потпишаа најголемиот договор во историјата на двете земји за испорака на 70 милиони тони жито во вредност од речиси 2,5 трилиони рубљи (повеќе од 25 милијарди долари), изјави лидерот на иницијативата „Нов копнен коридор за жито“, Карен Ховсепјан на маргините на деловната средба во Пекинг пред отворањето на форумот „Појас и пат“.

-Денеска го потпишавме еден од најголемите договори во историјата на Русија и Кина за речиси 2,5 трилиони рубљи (25,7 милијарди долари) за испорака на 70 милиони тони жито, мешунки и маслодајни семиња – рече Карен Ховсепјан.

Тој истакна дека оваа иницијатива ќе придонесе за нормализирање на извозната структура во рамките на „Појас и пат“.

-Факт е дека повеќе од доволно ги заменивме количествата на украинскиот извор што недостасуваат со оние од Сибир и од Далечниот Исток – нагласи Ховсепјан.

Тој го најави и претстојниот почеток на меѓудржавната „Копнена иницијатива за жито“.

-На крајот на ноември – почетокот на декември, на состанокот на шефовите на влади на Русија и Кина, ќе биде потпишан меѓудржавен договор за Новиот копнен коридор за жито – изјави тој.

Според него, благодарение на Трансбајкалскиот терминал за жито, новата иницијатива ќе го зголеми извозот на руско жито во Кина на 8 милиони тони, а се планира во иднина да се зголеми на 16 милиони тони преку изградба на нова инфраструктура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП