2 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАСилен земјотрес ги вознемири жителите на Тетово и Гостивар

Силен земјотрес ги вознемири жителите на Тетово и Гостивар

Земјотресот од 3,3 степени, што утрово во 10.24 часот го погоди реонот на Тетово и Гостивар, беше почувствуван од жителите во овие населени места.

Сведочат дека потресот траел неколку секунди и се чувствувал силно.

„Се чувствуваше силно и траеше неколку секунди“, „Силно се тресеше“, „Беше навистина страшно“, „Се исплашив“, „Добро го почувствувавме, мониторите и опремата ни се тресеа“, „Бев на работа и почувствував потрес“ – ги споделуваат своите искуства тетовци и гостиварци.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 13 километри од Тетово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП