3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХоландија е земја со најдобар пензиски систем во светот, а Аргентина со...

Холандија е земја со најдобар пензиски систем во светот, а Аргентина со најлош

Холандија ја врати титулата земја со најдобар пензиски систем во светот, според глобалниот годишен индекс на „Mercer“. Таа предупредува дека светскиот пензиски систем е под невиден притисок, пишува „Bloomberg“.

Исланд, кој минатата година беше на првото место, сега е на второто место, а Данска ја комплетира првата тројка. Израел е единствената друга земја што доби оценка А во глобалниот пензиски индекс на „Mercer CFA Institute Global Pension“, кој ги оценува системите врз основа на нивното задоволство, одржливост и интегритет.

Холандија моментално ја реформира својата пензиска шема од колективна структура на поиндивидуален пристап. Сепак, според извештајот, системот ќе продолжи да нуди добри придобивки по промената, поддржан од силна база на средства и добри регулативи.

Но, пензиските системи во повеќето земји се под притисок од стареењето на населението, зголемениот јавен долг и високата инфлација, а исто така се борат со предизвици како што е доведувањето вработени од „економијата на споделување“.

„Заклучокот е дека луѓето ширум светот треба да почнат да се грижат за себе по пензионирањето. Не можеме повеќе да се потпираме само на социјалната или државната пензија“, коментира Дејвид Нокс, постар партнер во „Mercer“ и главен автор на извештајот.

Аргентина доби најниска оценка меѓу 47-те земји кои беа испитани. САД се на 22 место, две места помалку од минатата година. Австралија е петта, Велика Британија е десетта, Јапонија е на 30 место и Кина е на 35 позиција.

Падот на наталитетот врши притисок врз многу економии и пензиски системи на подолг рок, се вели во извештајот. Тоа негативно влијае на рејтингот за одржливост на земји како Италија и Шпанија. Извештајот, исто така, укажува на голем број азиски системи, вклучувајќи ги Кина, Јужна Кореја, Сингапур и Јапонија, кои презедоа реформи за да ги подобрат своите перформанси во последните пет години.

Вештачката интелигенција има потенцијал да ги подобри пензиските системи со тоа што ќе доведе до поефикасно и подобро информирано одлучување. Ова, исто така, може да доведе до повисоки реални приноси од инвестициите, забележува Кокс, додавајќи дека технологијата исто така може да им помогне на поединците да донесуваат долгорочни финансиски одлуки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП